Како да ги менаџирате регистрациите на деца - kidsday

Како да ги менаџирате регистрациите на деца

Категорија:
Приеми Приеми
Корисно за:
Админ
Родител

Кога ќе пристапите до опцијата "Регистрации", ќе видите контролна табла поделена на колони, која ви овозможува да го следите патот на секое дете од почетната апликација до финалниот упис.

Преместувајте ги апликациите од една колона во друга во зависност од нивниот статус:

  • Нови апликации: Тука се појавуваат сите барања кои пристигнуваат по прв пат.

  • Завршена посета: Преместете ги тука децата/родителите кои го завршиле првичниот состанок или посета.

  • На листа на чекање: Се користи за случаи кога моментално нема слободни места, но апликациите остануваат во предвид.

  • Регистрирани: Оваа колона е за деца кои ги исполниле сите критериуми и се официјално запишани.

  • Одбиени: Тука се ставаат апликациите кои не можат да бидат прифатени.

2. Прилагодување на формуларот за регистрација

Пред да им го испратите линкот на родителите, можете да го персонализирате формуларот според потребите на нашата институција.

  • Како функционира: На левата страна од екранот имате дополнителни опции и полиња.

  • Техника "Повлечи и пушти" (Drag and Drop): Едноставно кликнете на саканата опција од лево, држете ја притиснато, повлечете ја и пуштете ја во полињата за формулар во центарот.

  • Флексибилност: Можете да го прилагодите формуларот со специфични прашања и полиња кои ви одговараат за собирање на податоци за детето.

3. Испраќање на формуларот до родителите

Откако формуларот ќе биде подготвен, системот генерира уникатен линк за пополнување на податоците.

  • Каде се наоѓа: Линкот можете да го најдете во просторот за менаџирање на регистрациите.

  • Како се испраќа: Копирајте го линкот и испратете го до родителите преку платформите каде што претходно сте комуницирале со нив.

  • Предложени канали: WhatsApp, Viber, SMS, Е-пошта или која било друга форма на комуникација што сте ја користеле претходно.

💡 Važna zabeleška: Roditelite treba da bidat informirani deka pravilnoto popolnuvanje na ovoj formular e neophodno za da se prodolži vo ponatamošnite fazi od registracijata.

Ако не можете да го најдете одговорот на вашето прашање, ве молиме контактирајте не.

Закажете Демо