Како рачно да се планира наставен план во Kidsday - kidsday

Како рачно да се планира наставен план во Kidsday

Категорија:
Планер Планер
Корисно за:
Админ

Оваа нова функција ви овозможува рачно да креирате и планирате наставни планови за секоја класа и возрасна група. Дневните активности и неделните теми сега можат лесно да се дефинираат и управуваат на едно јасно и структурирано место.

Зошто е важна?

  • Јасна организација на наставните планови – сите активности се евидентирани за секој ден и недела.

  • Флексибилност за секоја класа – можете да планирате одделно за секоја класа или возрасна група.

  • Ефикасност во управувањето – секоја активност е видлива и лесна за следење од страна на воспитувачите.

Чекори за рачно планирање на наставен план

Чекор 1: Пристап до Наставниот План
Од главното мени, кликнете на „Наставен План“.
Ќе се прикаже тековната недела во која се наоѓате.

Чекор 2: Избор на класа и возрасна група
Доколку сакате да планирате активности само за одредена класа:

  • Изберете возрасната група.

  • Изберете ја класата за која сакате да ги планирате активностите.

Чекор 3: Неделни теми
Додадете ја главната тема за неделата, која ќе служи како насока за дневните активности, на пример: „Овошје и зеленчук во есента“.

Чекор 4: Планирање на дневните теми
За секој ден од неделата, додадете ги специфичните теми и активности кои ќе се реализираат.

Чекор 5: Опис на дневната активност
За секој ден, напишете детално објаснување на активноста, вклучувајќи го начинот на кој таа ќе се спроведе.

  • Одредете ги целите на активноста, за воспитувачите и децата јасно да знаат што треба да се научи или постигне за време на активноста.

  • Додадете други корисни информации, како што се потребните материјали, времетраењето на активноста и евентуални специфични инструкции за спроведување.

Чекор 6: Зачувај
Откако ќе ги внесете сите теми и активности, кликнете „Зачувај“.

Ако не можете да го најдете одговорот на вашето прашање, ве молиме контактирајте не.

Закажете Демо